📷 СТРУГА 2025: Младоста на Струга уште еднаш на дело

ГАЛЕРИЈА Струга – Раднички Крагуевац

Во натпреварот за петтото место на 53. издание на Струшкиот турнир, домаќинот Струга загуби од Раднички Крагуевац со 37-28, но домашните љубители на ракометот уште еднаш имаа можност да ги видат на дело повеќемина од новата генерација струшки ракометари од непресушниот извор на таленти - РК Струга. Тренерот Ферукоски им даде минутажа на сите три меча на најголем дел од неговите момци, а овие натпревари се значајни за воигрување на екипата пред стартот на новата суперлигашка сезона.