Скандал на СП: Аргентина „ограбена“ за гол против Полска!
Во 29. минута од натпреварот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Полска на СП, ракометарот Мартин Андрес Маја истрча во контра и со сигурен шут ја затресе мрежата на Полјаците. Топката влезе во голот, помина низ дупка во мрежата, удри од задната ограда и се врати директно во рацете на голманот Адам Витковски. Но, германските судии не го признаа погодокот. И покрај бурните реакции од аргентинските ракометари и стручниот штаб, голот не беше признат. Судиите проценија дека топката не завршила во мрежата. Натпреварот заврши со победа на Полска од 33:32, иако реално резултатот требаше да биде нерешен. Погледнете...