📷 Борба на терен – уживање на трибини

Македонија – Литванија трибини

Секој меч на Македонија е „распродаден“, и секогаш салата полна со луѓе кои максимално го поддржуваат националниот тим, и така веќе две децении. Многу знамиња, шалови, навивачки реквизити и многу енергија за ракоплескање и сила да пеење и навивање. Полно срце, полни трибини - исполнета мисија, ЕП 2026. Поранешни ракометари, репрезентативци, легенди, тренери, семејства, млади спортисти, сите со една цел - Да победи Македонија. И така и бидна. Се гледаме во јануари на Европско.