Ако го погледнеме почетокот на ЕП и составите на репрезентациите, начинот на подготовка, планот и програмата на водечките ракометни сили ќе видиме дека нема некоја промена во нивното функционирање според дадените резултати досега – Црна Гора, Холандија, Франција, Норвешка, Данска…
Се појавуваат нови репрезентации како Швајцарија, Австрија и други кои прават комплетен ресет и со фантастична инвестиција ставаат темели за нивното понатамошно функционирање во иднина до создавање на нови врвни играчи кои понатака ќе ги претставуваат на следните ЕП и СП.
ДОБРИ СТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Во целата оваа ситуација како позитивен дел може да се напомене присуството и уделот на дел од некои млади ракометарки кои допрва треба да се развиваат во ракометни врвни играчи, поточно ова ЕП ќе им биде еден добар ветер во грб (искуство плус кое не смеат да го пропуштат во иднина), и тука би ги напоменал Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Матеа Чурлиновска, Јована Кипријановска, да не ги изоставиме нешто повозрасните Коларовска, Џатевска и Дамјановска кои на ова ЕП добро ја одработија зададената задача. Добро во ваква ситуација е и самото учество на ЕП. Присуство кое во иднина ќе влијае на овие млади ракометарки за понатамошно функционирање во репрезентацијата со собирање на добри и лоши прибелешки од големите и помалите репрезентации и нормално нивно спроведување на самиот терен.
Тактичко-технички карактеристики нема многу за најбројување, но би издвоил само неколку кои на моменти не красеа, а тоа е 5:1 зона одбрана (која ја играме агресивно со покривање на добар дел од просторот) и 6:0 зона каде 2-ка и 5-ка излегуват до 10 метри. Со чести прекини, додека 3-ка и 4-ка прават одличен договор за преземање на пикер и притоа ако има шут да се блокира. Тоа го демонстриравме со Турција еден период и во тој момент дојде до промена на резултатот во наша полза. На другите два натпревари со Шведска и Унгарија нема многу светли точки со кои може да се пофалиме, исклучок се неколкуте интервенции на нашите голмани.
ЛОШИ СТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Тактичко-технички карактеристики има безброј лоши за набројвање, но би ги издвоил само неколку кои се провлекуваат подолго време.
– Осцилација во одбрана со репрезентации кои што се со многу подобар квалитет од нас (фокус на противникот, нема одбрана 1:1, 2:2).
– Транзиција нема благодарение на слаба одбрана (и контра).
– Напад премногу водење недисциплинирано и брза реализација, неистрајност до чиста ситуација за гол (избрзани шутеви), следат технички грешки кои противникот ги користи немилосрдно во своја полза. Овие лоши карактеристики ни се појавуваат со репрезентации како Шведска и Унгарија кои се физички доминантни, тактичко-технички беспрекорни, а со тоа ни изнудуваат да направиме грешки во напад и нормално си ги користат со добра транзиција во своја полза.
ШТО ДА СЕ ПОПРАВИ
Имаме ракометарки кои тактичко-технички не се подготвени за ЕП, а се во репрезентација.
– Имаме ракометарки кои не се физички спремни, а треба во иднина да работат за ваков турнирски систем, за да можат да го дадат максимумот.
– Условите за работа во Македонија се скоро никакви (ако правиме компарација со големите репрезентации, каде инвестицијата во споредба со нашата е драстична).
– Имаме лоша женска лига (голем хендикеп), многу малку дерби натпревари.
Ова е само еден сегмент и фактори кои влијаат врз добрите и слабите резултати на ова ЕП и во минатото.