📷 Македонија се сака со шал во рака и знаме преку раме
Без разлика колку е атрактивен противникот репрезентацијата се сака со присуство на трибините, со шал во рака, и знаме преку раме. Со громогласно ракоплескање и навивање и пред се поддршка и пеење. Публиката во „Борис Трајковски“ знаеше кога треба да помогне, да биде ветер во грбот, а момците со малку мотив од трибини стигнаа до важна победа. Најважно е сите да сме заедно, и да бидеме позитивната енергија. Еден чекор направивме, ја победивме Естонија со 37-33. Останува да продолжиме така.