🎥 Дури ни камерата не го „фати“ победничкиот гол на Келце
Полскиот вицепрвак водеше со 32-30 во финишот кај норвешкиот Колстад, но дозволи да прими два гола по ред за реми на десетина секунди до крајот. Но домаќините ризикуваа и играа без голман, па оставија уште неколку секунди за Келце да погоди на празен гол. Голманот Валах веднаш додаде до пивотот Каралек, кој постигна победнички погодок. Камерите беа фокусирани на нападот на Колстад, па голот за победа можеше да се види само на повторена снимка...