📷 „Црвено-црна“ рапсодија, Валур замрзна на -7 во Скопје

Вардар – Валур

Вардар им даде убава можност на навивачите во СЦ „Јане Сандански“ да се присетат на старите времиња кога „црвено-црните“ пред домашна публика ги „мелеа“ ривалите откако триумфираше со 33-26 (19-11) против Валур во првото коло од Ф групата од Лига Европа. Вуко Борозан и Марко Срдановиќ одиграа одличен натпревар и постигна по шест гола, додека голманот Мигел Фереира Еспиња имаше 14 одбрани. Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај бундеслигашот Мелсунген.