🎥 Избегнат поголем инцидент во Романија – настрада екс играч на Металург и Пелистер
Во мечот од првото коло во романскиот шампионат меѓу Сучеава и Стеауа Букурешт, малку фалеше да има посериозен инцидент. При резултат 37-36 и напад за домашните, тие ја загубија топката, Стеауа тргна во полуконтра, но еден од домашните навивачи турна една од рекламите на теренот, па левото крило Милан Поповиќ (екс Металург и Еурофарм Пелистер) се сопна и се повреди, влезе докторската екипа.... Настана мешаница на теренот, имаше прекин, а навивачот беше исфрлен од салата и беше спречена поголема тепачка Судиите досудија седмерец за Стеауа, кој не беше реализиран, па победата остана за Сучеава.