{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 20Екипата на Вардар го освои првиот трофеј сезонава, откако по финалето на Струшкиот турнир и поразот од Еурофарм Пелистер, на финалниот натпревар на турнирот „Крсте Андоновски“ славеше против „сино-белите“ од Автокоманда со 25-23. „Црвено-црните“ имаа висока предност во првиот дел, во второто полувреме попуштија, ривалот успеа да се врати во игра, но не го комплетираше камбекот. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Дмитро Горига, кој беше прогласен и за МВП, додека најдобар голман на турнирот беше Мигел Еспиња, кој во финалниот натпревар запиша 11 одбрани.