📷 ОХРИД 2024: Панчевци покажаа квалитет – на Војводина и Партизан нема да им биде лесно

Охрид 2024: Динамо – Ловќен

Тимот на Динамо Панчево се израдува на првиот триумф на меморијалниот турнир „Крсте Анодновски“ во Охрид, откако славеше против црногорскиот првак Ловќен Цетиње со 33-25. Динамо Панчево, многу веројатно ќе ја освои третата позиција во оваа група и ќе игра со Охрид или Партизан во битката за петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ в сабота.