📷 ОХРИД 2024: Младоста и квалитетот на Целје повторно на дело – настрада и Партизан

Охрид 2024: Целје – Партизан

Ракометарите на Целје ја запишаа втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако слаеше против Партизан со 32-26. За Целје ова е втора победа и на дуел со Вардар ќе го реши патникот во финалето на турнирот. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Лука Периќ со пет погодоци, додека кај Партизан се истакна Никола Црноглавац со осум погодоци. Целје се израмни со по четири бода со Вардар, додека Партизан и Охрид ќе се борат за третото место во групата.