📷 ОХРИД 2024: Ловќен прв се „чекира“ – пристигнаа Радовиќ и дружината

Пристигнување Ловќен, турнир Крсте Андоновски

Денеска пристигнуваат дел од екипите учесници на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Први се „чекираа“ членовите на експедицијата на Динамо Панчево, а по нив пристигнаа ракометарите на Ловќен од Цетиње. Предводен од капитенот Мирко Радовиќ, подмладениот тим на Ловќен ќе се обиде да им помати сметките на фаворитите на турнирот. Најтрофејниот црногорски клуб ќе биде во група со Олимпијакос, Динамо Панчево и Алкалоид.