🎥 Ѕирнете одблизу – еве како изгледа Олимпиското село во Лил
Mинатата недела во околината на Лил, беше промовирано Олимпиското село во кое ќе бидат сместени ракометар(к)ите што ќе ги играат завршните натпревари од турнирите на Олимписките игри. Прелиминарните рунди од двата ракометни турнири ќе се играат во Париз, додека Лил ќе биде домаќин на завршните средби. Во Олимпиското село има 495 соби со кревети долги по 2.2 метри, а позната намената на трите згради во иднина. Тие ќе бидат студентски домови, а дел од просториите ќе бидат користени за сместување на спортисти од други градови. Женскиот олимписки турнир стартува на 25 јули, додека машкиот на 27 јули, а ќе играат по 12 репрезентации. Фото: handnews.fr