{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 24Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Скопје пропушти шанса да ја победи Португалија, одигра само реми, 28:28, но и освоениот бод е многу вреден, бидејќи избраничките на Дарко Јанев остануваат во игра за пласман меѓу најдобрите осум репрезентации во светот. Македонската репрезентација утре ќе игра против Црна Гора, која остана без шанси за ТОП 8, но сѐ уште е во игра за третото место во групата. Утрешниот натпревар со Црна Гора ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот.