{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 17Женската младинска репрезентација на Македонија со победата над Ангола од 28:24 во последното коло од групната фаза обезбеди пласман во ТОП 16 на младинскиот Мундијал, кој се игра во Скопје. Од групата Х, во која беше и Македонија, пласман во главната фаза обезбеди и Исланд. Островската земја ги доби сите три дуели во групната фаза, освен против Македонија, славеше и над Ангола и САД. Македонија настапот во главната фаза ќе го стартува со дуел против Португалија на 24 јуни, потоа на 25 јуни игра со Црна Гора.