{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 13Женската сениорска репрезентација на Македонија со убедлива победа над Литванија од 34:24 (18-12) успешно ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Избраничките на Кристијан Грчевски уште во вторникот во Баку го заверија пласманот на ЕП, а денешниот дуел со балтичката земја беше императив за победнички да се затвори квалификацискиот циклус. Македонија на Европското првенство 2024 ќе го има седмото учество на континенталните собири.