{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 65Машката сениорска репрезентација на Македонија славеше на првиот од двата закажани пријателски дуели против Грција со 33:30 (18:15). Избраниците на Кире Лазаров беа доминантни од 22 минута, па до крајот од натпреварот. Грција која ќе биде дебитант на Европското првенство во одредени делови покажа квалитет, но тоа не беше доволно за позитивен исход против борбената Македонија. Двете репрезентации утре ќе го одиграат последниот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство во Германија.