Класата е вечна: Ремек-дело од слободен удар на Гичева за ТВ шпици (ВИДЕО)
Ракометарките на Деспина на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа беа поразени со 27:17 во натпревар од 4. коло од Женската лига. Најефикасна на натпреварот беше членката на Деспина, Мери Гичева, која постигна девет погодоци. Еден од погодоците на искусната ракометарка беше за ТВ шпици. По истекот на времето во првиот дел, Гичева биеше преку живиот ѕид и постигна гол во домашната мрежа. Погледнете го ремек делото...