Николиќ за 24Ракомет ТВ: Вечерва ќе славиме, а од утре…(ВИДЕО)
Вардар го освои трофејот во Супер Купот откако славеше против Еурофарм Пелистер со 30-26, а еден од најдобрите играчи на „црвено-црниот“ тим беше српскиот лев бек Матија Николиќ со постигнати пет погодоци. Тој ги потенцираше „Комити“, кои беа во текот на целиот натпревар со нивните миленици. Николиќ вели дека оваа вечер ќе се слави, а од утре ќе се мисли на другите два трофеи за кои Вардар ќе конкурира оваа сезона. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...