Танкоски за 24Ракомет ТВ: Пресуди поголемата желба и борбеност на Вардар (ВИДЕО)
Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од Вардар со 26:25 во финалето на завршниот турнир во Купот на Македонија. Битолчани во финишот од натпреварот беа блиску да дојдат до израмнување но сепак, тимот на Вардар беше повеќе пофокусиран во клучните моменти. Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, кој погодуваше во моментите кога неговиот тим се враќаше во игра, изјави дека поголемата желба и борбеност на ,,црвено-црните" била пресудна за поранешниот европски шампион да го одбрани Куп трофејот. Целосната изјава на Танкоски можете да ја погледнете на видео прилогот во продолжение...