{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 51Ракометарите на Вардар по 22 пат во историјата ќе играат во финалето на Купот на Македонија и ќе се борат за трофејот, откако во полуфиналето го елиминираа Алкалоид и славеа убедливо со 31-22. Предводени од голманот Томовски со 18 интервенции и Манасков со 12 погодоци, „црвено-црните“ ракометари без особени проблеми го надиграа дебитантот на Ф4 и за една недела ќе мора вторпат да се соочат со Еурофарм Пелистер, но овојпат во директен дуел за трофеј во Купот.