Стартуваа баражите за СП – Полска со една нога веќе е на Мундијалот

Денеска со дуелот меѓу Полска и Косово стартуваа бараж средбите за пласман на женскиот Мундијал во 2023 година.

Полска не дозволи изненадување на првата средба и во Биелско Биала славеше со 14 голови разлика, 36-22.

Домаќинките го решија прашањето на победникот уште по првото полувреме, кога беше 17-6.

Вториот дел беше само формалност, па Полска веќе може да го планира учеството на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија за ривал ја има Украина. Првиот натпревар се игра во Скопје на 8 април и во Кишварда на 11 април.