{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 30Екипата на Пролет славеше победа против Голден Арт со 26:25 во првото полуфинале од втората група во Купот на Македонија и за место меѓу најдобрите четири екипи ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш. Гостите водеа 45 минути и одлични парираа, но почнаа да грешат во клучни моменти, па победата ја однесоа домашните. Најефикасен во победничката екипа беше Томислав Димковски со шест погодоци, додека кај Голден Арт се истакна Дејан Гошевски со ист број на реализации. Финалето од втората група е закажано за утре, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Македонско Сонце“.