АТРАКЦИЈА „а ла Дибиров“ – Костески скокна од мртов агол и постигна мајсторски гол (ВИДЕО)
Тимот на Талент Пзлен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески вчера го освои трофејот во Купот на Чешка. Плзен предводен од Костески славеше во финалниот натпревар против Карвина со 34-30, откако на полувремето беше нерешено, 18-18. Десното крило од Македонија беше најдобар стрелец со осум погодоци, но и го постигна и најатрактивниот гол во финалниот натпревар.