{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 78Машката репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 29-23 во дуел од третото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Иако Македонија имаше свои моменти на овој натпревар, се врати во вториот дел и по негатива од четири голови, поведе, но немаше сили да го комплетира камбекот или барем да го направи финишот повозбудлив. Сепак со оглед на сите отсуства во репрезентацијата, впечатокот не беш лош. Кузмановски и Серафимов дадоа по пет гола за Македонија, додека три пати стрелаше Џонов, а голманите Митревски и Томовски искомбинираа девет одбрани. Кај Португалија се истакнаа Ареја со десет и Итуриза со четири погодоци. Реванш средбата меѓу овие две селекции ќе биде в недела во Матосињос од 18:30 часот.