Луда завршница: Туниската Есперанца со гол од слободен удар до билет за Супер Глоуб! (ВИДЕО)
Во натпревар кој мораше да се решава по две продолжија, тимот на Есперанца од Тунис славеше против египетскиот Замалек со 29-28 во финалето на арапското клупско првенство и обезбеди место на Супер Глоуб. Стрелец на голот беше Хазем Паша, кој од слободен удар го совлада некогашниот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хенддави. Арапскиот клупски шампионат се играше изминатите десет дена со осум екипи од пет земји - Алжир, Кувајт, Египет, Тунис и ОАЕ.