{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 56Македонскиот првак Вардар загуби на домашен терен во четвртфиналето од СЕХА лигата за сезона 2021/2022 од Нексе во пенал рулетот 30-32 откако регуларниот дел заврши со резултат 28-28(12-15). Со оваа победа Нексе обезбеди пласман на завршницата од ова скратено издание на регионалниот шампионионат, која ќе се одржи во Задар, Хрватска од 2-4 септември. Ниту сигурниот Манасков со 8 голови, ниту чудесниот Талески кој постигна 11 голови не успеаа да го одведат Вардар на нов Ф4 турнир, бидејќи посигурни во пенал изведбата беа хрватските ракометари.