{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 26Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра нерешено, 20-20, со селекцијата на Шведска и се наоѓа на чекор до четвртфиналето на СП. Вистинска драма се случуваше во финишот на овој меч, кога во последната минута Шведска поведе, а Македонија израмни на пет секунди до крајот. Дукоска погоди од тежок агол и донесе реми и злато вреден бод за Македонија. Младеновска даде пет гола, Дукоска и Велкова по три гола за нашата селекција, а на голот блескаше Јовановска со 11 одбрани. За Македонија следува ден пауза, а на 5 август ќе се соочи со селекцијата на Исланд, која веќе е сигурен четвртфиналист на Светското првенство.