понеделник, ноември 25, 2024

Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Со Вардар освоив два трофеи во ЛШ, се надевам на трет со Келце (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ по четврти пат ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Три пати беше дел од спектаклот во Келн со македонскиот шампион Вардар, а сега е првпат со Келце. Со „црвено-црните“, Карачиќ и Алекс Душебаев освоија европски титули, а сега имаат нова шанса да го направат тоа со полскиот Келце. Што очекува Карачиќ од Ф4 погледнете во видео прилогот...