Атракција во Ѓорче Петров: Ѓиноски со шрауба ја дигна публиката на нозе (ВИДЕО)
Ракометарите на Македонија ЃП на свој терен беа подобри од Борец со 33:31 во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во Првата машка лига. Ракометарот од редовите на Македонија ЃП, Максимилијан Ѓиноски на натпреварот против Борец постигна атрактивен гол со шрауба, со кој предизвика одушевување кај домашните симпатизери. Ѓорчепетровци, кои беа предводени од голманот Трајановски со 21 одбрана, потоа Војислав Божиновски, Александар Ѓорѓевски и Петко Митовски со остварената победа ги зголемија шансите за првата позиција на табелата во прволигашкиот плеј-аут бидејќи заостануваат само два бода помалку од првопласираниот Астраион, кој има 30 бода, додека Металург РА и Македонија ЃП на свое конто имаат 28.