{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 58Женската репрезентација на Македонија загуби од актуелниот европски и светски шампион Норвешка со 18-24. Иако нашата селекција одлично парираше 45 минути до 16-17, сепак со една серија од седум гола, гостинките го скршија отпорот и заминаа со триумф од Скопје. Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Саздовска со шест, како и Ристовска и Јанеска со по три гола, додека голманката Мицевска собра 14 одбрани. Кај Норвешка, Фауксе даде шест, додека Арнцен стрелаше пет пати. Норвешка останува на првото место на табелата во ЕХФ Евро Купот со десет бода, а Македонија е последна без бодови. Вториот меѓусебен дуел овие две селекции ќе го одиграат в недела од 16:00 часот.