{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 19Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги стартува подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Селекторот Кире Лазаров на скратениот список има 25 ракометари, а дополнително повика уште еден пикер - Марко Стојковиќ. Подоцна на подготовките ќе се приклучат Митревски, Пешевски, Миркуловски и Кузммановски. После собирот, ракометарите заминуваат за Маврово каде ќе ја минат првата фаза од подготовките.