Зовреа страстите во финишот: Исклучувања, црвени картони…играа со тројца и дадоа гол (ВИДЕО)
Тимот на Горење загуби на домашен терен од шведскиот Савехоф со 31-35, но во сенка на резултатот останаа случувањата во финишот на мечот и забелешките на домашните што ги имаа на судењето. Се почна во 56. минута беше исклучен Тајник поради тоа што според судиите сакаше да изнуди пробивање. Во следниот напад на гостите им признаа непостоечки гол за 29-32, па продолжија протестите на домашните и заработија уште едно исклучување за Енеј Јовичиќ. Горење намали на 30-32, Соколиќ во следниот напад на Горење престрого доби две минути, а клупата продолжи со протести, па тренерот Зоран Јовичиќ доби црвен картон. При резултат 30-33, уште еден ракометар на Горење мораше на клупа, па домашните беа со тројца на терен и без голман. Гостинскиот ракометар Молер направи груб фаул, доби трето исклучување и црвен картон. Горење и покрај тоа што играше со тројца, реализираше за 31-33, но кога се смирија страстите, немаше многу време за нешто повеќе да направи и Савехоф победи со 31-35. Погледнете ги случувањата во последните пет минути од оваа средба....