НАЈ НАЈ НАЈ… Смешни моменти од Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Натпреварувачката 2020 година ја одбележаа проблемите со одигрување на натпреварите предизвикани од корона вирусот. Сепак, и покрај тоа ракомет се играше ширум Европа. Во Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција се одиграа многу натпревари, а на некои од нив се случија доста интересни и несекојдневни настани. Во следното видео, ЕХФ ги одбра најинтересните десет моменти од изминатата година. На врвот на листата се најде голот кој го прими поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан на дуелот против Мешков Брест во салата во СЦ „Јане Сандански“.