{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 38Металург- Фиверс (Лига на Европа)
Металург и Фиверс ремизираа во натпревар од Лигата на Европа со 33:33 и на тој начин дојдоа до по еден важен поен од последниот дуел за оваа година во натпреварувањето.
И двете екипи имаа по едно полувреме кое го добија со по три гола разлика. На полувреме гостите имаа предност од 19:16, а потоа Металург надомести.
Имаше пресврти после кои и двата состави можеа да дојдат до победа, но на крајот со бодот мораа да бидат задоволни и едниот и другиот тренер.
Хорват и Серафимов со по седум гола во Металург и Дамбок со 11 погодоци во Фиверс беа најефикасните на оваа средба.