Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот КЛ 7 – Астраион (ЛИНК)

Денеска 'ќе биде одигран еден натпревар од Групата А во Супер машката лига, а на него се среќаваат тимовите на КЛ 7 и Астраион. И двете екипи се дефинитивно во плеј-аут лигата така што ова ќе биде средба за надминување и надигрување. КЛ 7 е фаворит на домашен терен така што се очекува победа, а ова е последен натпревар есенва за ракометарите на овој тим. Тие ги одработија сите средби досега така што после овој дуел можат да се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Нагпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а почнува од 19:30 часот.