Многу драма во Битола, но само бод за Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-25 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа водство од 16:10 на полувремето, а имаа и плус седум, но на крајот од средбата против швајцарскиот претставник мораа да се задоволат со реми од вториот одигран натпревар сезонава во Лигата на Европа. Битолчани ремизираа против Кадетен Шафхаузен со 25:25.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во вториот натпревар одигран во оваа сезона од Групата Д во Лигата на Европа одигра нерешено со Кадетен на домашен терен со резултат 25:25. Во натпревар во кој се очекуваше многу повеќе особено после 16:10 на полувремети (претходно и плус 7, 16:9), екипата на Еурофарм Пелистер стигна во ситуација да се спасува од пораз бидејќи тимот на Кадетен во еден период дојде и во предност. Сепак, на крајот двата тима мораа да се задоволат со по еден поен така што ќе морада се надоместува на следните дуели. Како беше денеска на теренот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола може да се погледне низ фотографиите.