СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Денот кога Македонија славеше – Кометал ЃП стана европски шампион пред 18 години (ВИДЕО)
Точно на 19 мај во 2002 година Македонија првпат доживеа да има свој првак во Лигата на шампионите откако ракометарките на Кометал Ѓорче Петров се искачија на највисокото место од тронот победувајќи го Херц ФТЦ со 26:22. Оваа победа беше и повеќе од доволна за Кометал ЃП да стане шампион и да го надомести она што го пропушти две години претходно против Хипо. Неверојатната вечер во СРЦ „Кале“ во која сите ракометарки го покажаа најдоброто остана засекогаш во паметење. Александар Панов и Владимир Радиќ тогаш во своите редови ги имаа Гордана Нацева, Луминица Дину, Индира Кастратовиќ, Наталија Малахова, Олга Бујанова, Андријана Будимир, Лариса Кисељова, Анжела Платон, Милева Велкова, Ања Андрушенко, Мирјана Чупиќ, Ирина Калиниченко, Оксана Плосницкаја и Елена Златановска. Ова беше оние 14 ракометарки кои беа на терен во таа неверојатна вечер во која се славеше големиот триумф и пехарот од Лигата на шампионите.