Чудна блокада: Ако не може со раце, може со црн пешкир (ВИДЕО)

Најчудната блокада на ракометните терени ни доаѓа од Унгарија, од мечот помеѓу Егер и Будакалаз. Играчот на Егер, Дарко Стевановиќ блокираше удар на противникот со црн пешкир. Непознато е како пешкирот се најде во неговите раце, но тој без дилеми го употреби да го сопре противничкиот напад. На крајот Егер славеше минимално со 25:24 па може да се каже дека оваа несекојдневна блокада имаше придонес во победата. Погледенете го видеото од блокадата на играчот на Егер.