Додека Вардар мака мачи со голмани, Џамбо снима спотови и чека повик (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар сезонава мака мачи со чуварите на мрежата и на прсти од едната рака можат да се избројат натпреварите на кои тие имаа двоцифрен број интеревенции и тоа заедно.

Еден од некогашните членови на „црвено-црниот“ тим и човек кој остави трага во Вардар е Страхиња Милиќ.

Пред две сезони се раздели со Вардар, иако беше во комбинација како засилување за неколку клуба, сепак не успеа да ја рестартира кариерата и во моментов е без ангажман.

Можеби е без ангажман на ракометните терени, но Милиќ има ангажмани на други полиња. Тој се појавува во новиот спот на српската хип хоп атракција Девито за песната „Алигатори“.

Погледнете…