Грчкиот АЕК Атина ги објави деталите за првиот натпревар во финалето на Европскиот Куп против македонскиот освојувач на Куп трофејот.
Кирил Лазаров и неговите момци ќе гостуваат на првиот меч во Атина, а домаќинот ја потврди локацијата.
Иако имаше големи проблеми околу датумот поради кошаркарскиот клуб АЕК Атина, сепак дуелот меѓу „жолто-црните“ и „сино-белите“ од Автокоманда ќе се игра во „Сунел Арена“.
АЕК ги објави цените на билетите, а повеќе од сигурно е дека капацитетот на салата од 9.000 гледачи ќе биде максимално искористен.
Има билети од 10 и 15 евра во зависност од местото на седење во салата, но и ВИП билети од 40 евра.
Натпреварот меѓу АЕК Атина и македонските „сино-бели“ од Автокоманда ќе се одигра на 18 мај од 18:00 часот.