Во рамките на второто коло од група 2 во главната фаза на Светското првенство 2021, Хрватска загуби од Аргентина со 19-23 и си ги закомпликува шансите за четвртфинале. Катастрофалниот напад, нелогичните потези на тренерот Червар и играта „седум на шест“ беа причина за изненадувачкиот пораз на Хрватите од Аргентина.
Сепак Червар ќе има изговор во стомачниот вирус кој ја погоди неговата селекција, но ова е втор пораз за Хрватска на светските првенства од претставник од Јужна Америка, откако пред две години во втората фаза загубија од Бразил.
Лош почеток за репрезентацијата предводена од Лино Червар им овозможи на Аргентинците да поведат на овој дуел. А на изненадување на хрватските ракометари да достигнат и пет голови разлика (5-0 6.минута). Каубоите успеаа да се вратат во натпреварот со серија голови во средината на првото полувреме се вратија на гол негатива, а во неизвесниот финиш на првиот дел секоја грешка значеше многу на семафорот. Хрватите иако ја вратија неизвесноста на овој дуел, дури во последните секунди од полувремето успеаа да го израмнат резултатот, преку Мамиќ за 12-12.
Како заврши првиот дел така и продолжи, Мамиќ повторно беше прецизен и го донесе првото водство за Хрватска на овој дуел. Но Аргентинците одговорија со низа од три гола, и ја вратија својата репрезентација на пристојна предност. Разлика од 2-3 гола која ја одржуваа до самиот финиш на натпреварот. Лино Червар се обидуваше да менува во нападот, но ракометарите делуваа летаргично на терен, без вистинска закана за голот на Аргентина, а нелогичната одлука да се игра 7 на 6 во клучните моменти од натпреварот само ја потврдија победата на Аргентина на овој дуел. На пет минути до крај Аргентина имаше разлика од високи пет погодоци 22-17, предност која ја по шеесете одиграни минути изнесуваше „плус четири“ или 23-19.
Аргентина е пред промоција во четвртфиналист заедно со Данска, но за тоа ќе мора да ја победи селекцијата на Катар во последното коло или да навива Данска да ја совлада Хрватска и со нерешен резултат од дуелот со Катар да се пласира во следната фаза.