На 50 дена до стартот на Европското првенство, кое за првпат ќе се одржи во три држави – Шведска, Австрија и Норвешка, продажбата на билети оди одлично.
Во Шведска веќе се распродадени билетите за два од натпреварите што ќе се играат во Малме, меѓу домаќинот и Швајцарија, како и за мечот во Гетеборг меѓу Данска и Исланд.
Во Австрија се очекуваат најмногу навивачи од балканските земји, а веќе се продадени околу 50% од билетити.
Норвешка го зголеми капацитет на салата „Спектрум Арена“ во Трондхајм, па наместо досегашните 9.000, натпреварите ќе може да ги следат 9.300 гледачи.
Натпреварите на Европското првенство започнуваат на 10 јануари. Македонија ќе игра во групата во Виена заедно со Украина, Чешка и домаќинот Австрија.