Ол-стар тимот на Европското првенство за кадетки во Подгорица беше прогласен по финалниот натпревар во кој Словачка сензационално стана шампион.
Средниот бек на домаќинот Црна Гора, Мартина Кнежевиќ, беше прогласена за најкорисен играч (МВП) на турнирот, додека наградата за најдобар стрелец ја доби десниот бек на Турција, Газел Дикме.
Во идеалниот состав се најдоа ракометарки од осум земји, а Црна Гора и Словачка освоија по две признанија.
Покрај нив, во престижниот избор влегоа и ракометарки од Швајцарија, Хрватска, Данска, Шпанија, Франција и Турција.
Ол-стар тим на ЕП 2025:
Најкорисен играч (МВП): Мартина Кнежевиќ (Црна Гора)
Голман: Маша Дубљевиќ (Црна Гора)
Лево крило: Лорин Миержва (Швајцарија)
Лев бек: Марија Барткова (Словачка)
Среден бек: Антеа Јерковиќ (Хрватска)
Пивот: Софи Матилде Тејлор (Данска)
Десен бек: Едурне Дондерис Санчез (Шпанија)
Десно крило: Наенка Нослен (Франција)
Дефанзивец: Лилијана Гогова (Словачка)
Најдобар стрелец: Газел Дикме (Турција) – 75 гола