Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, прослави нова победа во рускиот шампионат.
ЦСКА Москва славеше на гости кај Звезда Звенигород со 41-22 во натпревар од втората фаза, откако и на полувремето го реши победникот, 23-9.
Ристовска играше во второто полувреме на овој натпревар и постигна два гола од два обиди, а пред репрезентативните обврски ќе има уште еден меч против Лада.
ЦСКА Москва сега има 33 победи на 33 натпревари досега одиграни, и ако вака продолжи сигурно ќе сруши уште многу рекорди во Русија.