32 репрезентации ќе се борат за место на ЕП во Македонија

Европската ракометна федерација објави дека 36 репрезентации се регистрирани за настап во квалификациите за Европското првенство во 2022 што ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.

Од тие 36 репрезетанции, четири веќе имаат обезбедено директно место – трите домаќини плус европскиот првак Норвешка, па останува 32 селекции да се борат за 12 слободни места.

Квалификациите ќе се одвиваат во две фази. Во првата фаза ќе играат 11 репрезентации (Фарски Острови, Португалија, Грција, Италија, Косово, Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Кипар и Летонија). Тие ќе бидат поделени во три групи (две по четири и една со три селекции). Првопласираните од трите групи ќе играат во втората фаза од квалификациите. Натпреварите ќе се играат од 4 до 6 јуни.

Втората фаза ќе се игра со 24 селекции (21 директно пласирани и 3 од првата фаза). Тие ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а прво и второпласираните ќе обезбедат место на ЕП. Холандија, Русија, Франција, Данска, Шпанија, Шведска, Германија, Романија, Србија, Унгарија, Хрватска, Полска, Чешка, Австрија, Белорусија, Швајцарија, Словачка, Исланд, Турција, Литванија и Украина ќе се борат за место на ЕП. Квалификациите ќе се одвиваат во три термини, октомври 2021, март и април 2022 година.

Ждрепката за првата фаза од квалификациите ќе биде на 17 март, додека за втората на 25 март, а ЕП во Скопје, Подготица, Љубљана и Целје ќе се игра од 4 до 20 ноември 2022 година.