Битолчани подгответе се – познати саатниците за првите четири средби од Лигата на шампионите!

Eвропската ракометна федерација ги потврди термините и саатниците за првите четири кола од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во првото коло ќе игра дома против норвешкиот Колстад.

Натпреварот против тимот предводен од Сандер Сагосен е на програмата на 13 септември со почеток во 18:45 часот.

Во второто коло пелистерци ќе гостуваат кај Алборг во „Шпаркасен Арена“ на 20 септември од 20:45 часот.

Потоа следува нов меч во „Боро Чурлевски“. На 28 септември ќе гостува гигантот Кил, а дуелот ќе почне во 20:45 часот.

По овие три двобои следува една недела пауза во елитното натпреварување, пред Еурофарм Пелистер да оди на гостински терен кај ПСЖ на 12 октомври од 20:45 часот.