24Ракомет доби признание за придонес во професионалното истражувачко новинарство во Македонија

Здружението на новинарите на Македонија вчера одбележа 78 години од формирањето и ги додели годишните награди. Покрај главните награди „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело (Соња Николовска), „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство (Мирослава Симоновска и Ирена Мулачка) и награда за теми од локално и регионално значење (Анета Блажевска) се доделија и признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство.

ГОДИШНИ НАГРАДИ НА ЗНМ / 78 ГОДИНИ ЗНМ

За прв пат во Македонија, еден спортски новинар, Горан Антевски, е добитник на признание за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство, за серијата текстови објавени на единствениот ракометен портал 24rakomet.mk кои истражуваа за нападнатиот малолетен ракометар и начинот на кој се справуваа институциите во Македонија.

Спортот не се само бројки и натпревари. Напротив има многу работи кои треба да се подобрат, за многу работи треба да разговараме. Се надевам дека многу мои колеги ќе го следат овој пример и ќе се пријавуваат, затоа што има многу добри стории кои се работат во спортот. -истакна Горан Антевски во своето обраќање.

Редакцијата на 24Ракомет продолжува професионално истрајно и мотивирано да ги отвора темите особено оние кога правилата ги прекршува Голијат, а сметката ја плаќа Давид…