Не смееме да дозволиме да една победа направи да се буткаат под тепих сите работи кои што се случуваа и случуваат во изминатиов период. НИКАКО не смее да се има слобода да се прави притисок врз играчи и условувања со повик за репрезентација доколку се потпише за клубот каде селекторот е тренер. Мене навистина не ми е јасно каде исчезнаа играчите што толку време беа форсирани на последните две големи натпреварувања, а сега воопшто ги нема на ракометната карта.
Честито селекторе, честито деца, честито Македонијо. Вчерашниот натпревар беше сосема различен од претходните и конечно можеме да се израдуваме на една победа на големи натпреварувања. Победа носена на колективот меѓутоа тој колектив ги исфрли поединците што беа лидери на теренот. Томовски беше човекот кој не држеше во игра во првото полувреме и ги покриваше сите оние дупки кои што ги правеа Швајцарците, и можам слобоно да кажам според мене Томовски е еден од лидерите во кој што мора да се „инвестира“.
Целата репрезентација одигра на едно сосема поинакво ниво од претходните и треба за тоа да се честита и да се пофалат комплетно сите, меѓутоа мислам дека Томовски, Митев, Јагуриновски, Костески беа играчите кои го изнесоа натпреварот.
Не смееме да дозволиме да една победа направи да се буткаат под тепих сите работи кои што се случуваа и случуваат во изминатиов оериод. Да почнеме најпрво од „слободата“ дадена на селекторот да си поигрува со иднината на одредени играчи, и да со самото тоа ја донесе македонската репрезентација во подредена позиција сите овие изминати години.
НИКАКО не смее да се има слобода да се прави притисок врз играчи и условувања со повик за репрезентација доколку се потпише за клубот каде селекторот е тренер. Мене навистина не ми е јасно каде исчезнаа играчите што толку време беа форсирани на последните две големи натпреварувања, а сега воопшто ги нема на ракометната карта.
Каде е Серафимов? Здрав е, повреден е, не е во форма, не му е по ќејф на некој!? Што се случува со специјалистот за одбрана Младеновиќ?! Каде е Ѓоргиев?! Стојковиќ!? Зарем не треба да се даде објаснување на спортската јавност … или ќе спиеме мирно под закрилата и медиумската „заштита“ која барем на кратко ќе му даде мир!?
Затоа што порано или подоцна во животот се има почеток и ќе треба да се поднесе одговорност за се. Макар била таа и морална…затоа што таа е најмеродавна во секојдневното фукционирање во животот. Бајката наречена победа не може да ги скрие сите акумулирани порази (за жал) на последните три големи натпреварувања.
Изјавите со насолзени очи можеби ќе поминат кај општата јавност меѓутоа кај спортските работници, клубовите, играчите, некако тешко. Затоа моја Македонијо радувај се на победата против Швајцарија и држи ги очите отворени затоа што самопромотерите се насекаде околу нас!