Во пресрет на Мундијалот кој од 11 до 29 јануари ќе се одржи во Полска и Шведска, на програмата се голем дел пријателски натпревари.
Едни од поинтересните денешни дуели беа Словенија-Унгарија и Шпанија-Романија.
Словенија-Унгарија 27-28 (17-13)
Во првиот од двата пријателски натпревари кои во три дена ќе ги одиграат Словенија и Унгарија, ракометарите на Чема Родригез се вратија од бездната и славеа со 27-28.(17-13). Почетните петнаесетина минути понудија изедначен ракомет, по што Словенија на крилјата на домашните навивачи и расположените Влах и Цехте успеа да отиде на полувреме со солидна предност од 17-13.
Змајчеки успеваа да ја одржуваат предноста до средината на вториот дел кога почна да паѓа нивната игра. Тоа го искористи упорната Унгарија која трпеливо успеа да ја стопи предноста на противникот, приредувајќи вистинска драма во последните десетина минути од натпреварот. Унгарците најпрво испеаа да стигнат до израмнување 26-26 на две минути до крајот, а Ричард Бодо со погодокот во последните секунди ја реши Словенија на нејзин терен за конечни 27-28.
Најпрецизни во победничкиот тим беа Бодо и Лекаи со по пет гола, а кај Словенците најрасположен за игра беше Алекс Влах со 7 погодоци.
Вториот натпревар помеѓу овие репрезентации ќе се одигра на 7 јануари, во Унгарија.
Шпанија-Романија (23-16)
Шпанија за престојното Светско првенство се подготвува преку настапот на Интернационалниот турнир-Меморијал Барценас, кој се одржува во оваа земја, поточно во Бенидорм.
На турнирот учествуваат репрезентациите на Аргентина, која ќе биде противник на нашата репрезентација на СП, Бахреин и Романија. Сите репрезентации се добра проверка за Шпанија, бидејќи одговараат на профилот на репрезентациите со кои ќе се сретнат во првата фаза на СП.
Првата проверка на турнирот беше успешна за избраниците на Рибера кои рутински ја збришаа Романија со резултат 42-29 (23-16). Црвената фурија уште во првото полувреме покажа класа, не дозволувајќи и на Романија ни да помисли на позитивен резултат. Првото полувреме го доби во своја корист со 23-16, а во вториот дел продолжи уште пофуриозно стигнувајќи до предност од петнаесетина голови разлика. Конечниот резултат гласеше 42-29.
За најкорисен ракометар на натпреварот беше избран шпанецот Каулди Ордиозола.
Како што спомнавме претходно, Шпанија на овој турнир покрај Романија ќе се сретне и со репрезентациите на Аргентина и Бахреин.